ЕСМ почна да поставува нови цевки под мостот „Беласица“

Со поставуавње на нови цевки за топловодот под мостот „Беласица“ во Скопје започна државната компанија ЕСМ. Во денешното соопштение комапнијата наведува дека се вложуваат „максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок“ и дека се работи за „комплексна активност што бара сериозна посветеност и работа“. Претходните цевки беа значително оштетени во големиот пожар во мај годинава.

-Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО. Во текот на изминатиот период, АД ЕСМ активно работеше на решение за проблемот со цевководот кај мостот „Беласица“, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови и за нивно постаувавање  веќе се започна со активности на терен, соопшти ЕСМ.

ЕСМ, истовремено, одговори и на забелешките во јавноста дека загревањето на домовите не е добро и дека многу објекти не добиваат парно греење. Во соопштението се наведува дека испораката на топлинска енергија во грејна сезона е од 6 до 22 часот по строго утврдени правила и дијаграми и, според нив, во октомври и првата половина на ноември, кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот.

-При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија. Воедно, повторно апелираме до потрошувачите и управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), информира АД ЕСМ.

Претходна вестВо Газа гранатирана третата најстара црква во светот
Следна вестМицкоски апелира низ целата земја да се интонира македонската химна пред наставата во училиштата