Најдобрите македонски кошаркари ќе ги дочекаат своите противници од Естонија среде Скопје. Македонската кошаркарска репрезентација во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2025 година силите ќе си ги одмери со секогаш незгодната Естонија која во нашиот главен град за натпреварот кој ќе биде одигран на 23. февруари ќе допатува со евролигашки кошаркари.
Во списокот од четиринаесет имиња кои ги објави селекторот Јука Тоијала се најдоа и кошаркарите на шпанската Басконија, Сандер Рајесте и Маик-Калев Котсар.
Покрај овие двајца на списокот се и: Кристијан Куламае (Билбао – Шпанија), Каспер Сурорг (ТалТек – Естонија), Март Розентал (Универзитет Тарту – Естонија), Јонас Рисма (Бриндизи – Италија), Мик Јуркатам (Калев/Крамо – Естонија), Јанари Јоесар (Анвил – Полска), Артур Конончук (Олденбург – Германија), Сим-Сандер Вене (Бургос – Шпанија), Каспер Треиер (Динамо Сасари – Италија), Грегор Хермет (Калев/Крамо – Естонија), Михкел Кирвес (Калев/Крамо – Естонија) и Матијас Тас (Остенде – Белгија).