ЕУ пушти срце: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите вакцини против ковид-19, и за граѓаните од трети земји, соопшти денеска во Брисел, европскиот комесар за правда, Дидие Рејндерс, на дебата пред Комитетот за слободи и правда на Европскиот парламент.

Главната цел на дигиталните зелени сертификати е да го олеснат слободното движење во ЕУ и да им помогнат на граѓаните да го вратат своето право на слободно патување на начин приспособен на здравствената состојба.

Според Рејндерс Европската комисија предложила дигиталните зелени сертификати да се прошират на државјани на трети земји, кои живеат или легално патуваат во ЕУ, за да се обезбеди сите граѓани да добијат ист третман кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување и за сите вакцини, без оглед дали се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или не.

Зелениот пасош ќе обезбедува информации преку QR-код за тоа дали неговиот носител е вакциниран, тестиран или прележал коронавирус.

Претходна вестПресуди за „Трезор“: За Мијалков уште 8 години затвор, за Грујевски 15, за Јакимовски уште 6
Следна вест„Трезор“ ќе го задржи Мијалков во Шутка