ЕУ пушти срце – стигнаа првите 4.800 вакцини од фондот за солидарност

Еврокомесарот за пропирување Оливер Вархеји и австриската сојузна министерка за ЕУ и Устав Каролине Едштадлер, денеска во земјава донесоа 4.860 доз од вакцината против ковид на „Фајзер“ кои преку Австрија ги донира ЕУ за земјите од Западен Балкан.

-Конечно успеавме да обезбедиме вакцини. Ова не беше лесно и работевме многу со австриската влада за ова да се случи и да ви покажеме дека се грижиме. Ќе продолжиме да се грижиме за Западен Балкан. Се надеваме дека ќе успееме и да ви помогнеме и да ја завршите вакцинацијата. Ова е подарок за нацијата за да победи пандемијата што е можно побрзо, рече Вархеји.

Ова е прва пратка, а до крајот на месецот ќе пристигне и вкупната количина од 19.890 дози. Се работи за ваакцини кои доаѓаат преку „Тим Европа“ на ЕУ, кој е систем за колективна поддршка и солидарност на ЕУ кон државите – партнери во битката со пандемијата.

Премиерот Зоран Зае најавии дека до крајот на август ќе стигнат 120.000 вакцини преку овој систем.

Министерот за здравство Венко Филипче и министерката Едштадлер разговарале и за сертификатите кои граѓаните треба да ги добијат по примањето на две вакцини за непречено движење надвор од границите. Заклучокот е дека сертификатот ќе биде предмет на взаемно договарање на двете земји, без ограничување со типот на вакцините.

 

Претходна вестВо последните 24 часа има 67 заразени, но дури 31 починат
Следна вестДелови од Кисела Вода утре без вода