Евакуацијата од Мариупол е прекината – не се почитува примирјето

Иако утрово и руската и украинската страна потврдија дека во два украински града ќе се воведе привремен прекин на огнот за да се извлечат цивилите преку хуманитарни коридори, евакуацијата е невозможна поради континуираното гранатирање, изјави заменик-градоначалникот на Мариупол, додавајќи дека е одлучено да се прекине бидејќи не е безбедно на улиците.

Сергеј Орлов за Би-Би-Си изјави дека има континуирано гранатирање во Мариупол и по договорената рута за евакуација.

Украинската влада веќе разговара со руски претставници за прекршување на примирјето, вели тој, и преговорите се во тек.

Двете страни упатија меѓусебни обвинувања за прекин на примирјето.

Претходна вестКамион удри 70-годишна жена
Следна вестДел од Шуто Оризари попладнево без вода