Сношти три девојки, кои се симнувале од врвот на Водно, по 23.00 часот, кон Средно Водно, имале непријатна средба со диви свињи, информира денеска Центарот за управување со кризи.
На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу уплашени.
-Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило, велат од ЦУК.
За кусо време, полициско комбе дошло на лице место, во коешто била и нивна братучетка, и девојките биле вратени на безбедно.