Европскиот центар за болести советува: Децата од 12 години да се вакцинираат само ако се ризична група

Земјите-членки на Европска Унија пред да почнат да ги вакцинираат адолесцентите против Ковид-19 треба да го земат предвид глобалниот недостиг на вакцини, соопшти денеска Европскиот центар за преевенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Поради тоа, ЕЦДЦ апелира да се одложи вакцинирањето на младите во богатите држави и оти вакцинирањето на адолесцентите треба да биде приоритет само кога се во голем ризик.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела одобри имунизација на деца од 12 години со вакцината на Фајзер/Бионтек, а Европска комисија вчера ја одобри употреба на истата вакцина кај деца на возраст од 12 до 15 години.

ЕЦДЦ има советодавна улога во Европа за вакцинацијата, со која управуваат националните влади.

Според досегашните истражувања, поголемиот број од лицата под 20 години кои ќе се инфицираат со корона вирусот имаа благи симптоми, но ризиците се зголемуваат кај тие што имаат невролошки или белодробни заболувања.

Претходна вестСо Виз ер од Скопје повторно до четири дестинации во Европа
Следна вест(ФОТО) Контејнери за електричен отпад има, ама дали некој ги одржува?