„Фајзер“ ги смени упатствата: Вакцината може да се чува и на температура од -25 до -15

„Фајзер/БиоНТек“ побараа од американскиот регулатор за здравство да ги промени досегашните упатства за температурата на која нивната вајцина треба да се чува за да биде ефикасна.

Наместо досегашната препорака таа да се чува на екстремно ниски температури од -80 до -60, сега се наведува дека тоа може да биде и температура од -25 до -15 во период од две недели, каква што има во фрижидерите во аптеките.

Ова одобрение од Управата за храна и лекови на САД ќе значи сигнал до другите регулатори низ целиот свет, што може да ја олесни дистрибуцијата на вакцините во посиромашните земји.

 

Претходна вестНезависниот синдикат за образование утре на протест: Не ни го слушаат гласот!
Следна вестОблачно, но потопло, без минусни температури