Полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за прв одговор и интервенција денеска кај Камениот мост во Скопје го привеле 30-годишниот скопјанец А.З. кој во 9:40 часот, при излез од Кривичниот суд додека бил спроведуван од страна на затворската полиција избегал.
Веднаш по добиената пријава, како што соопшти МВР, преземени се соодветни мерки и А.З е приведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.