Фатен млад скопјанец при обид да ограби аптека

Дваесет и петгодишен скопјанец со иницијали А.Х. бил приведен при извршување на тешка кражба во аптека.

Според информациите од полицијата, настанот се случил синоќа по полноќ во објект лоциран на улицата 11 Октомври во Скопје.

„Крадецот е приведен во полициска станица и од него е одземен предметот кој го употребил при извршување на делото“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот,  ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Весковски и Шилегов плаќале услуги и до 8 пати поскапо од тоа што биле плаќани во наше време
Следна вестВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери