Полициски службеници од СВР Велес вчера утрото во 4.30 часот го лишиле од слобода Б.А.(47) од Велес, кој бил затекнат додека крадел во автомобил.
Од Министерството за внатрешни работи информира дека украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Б.А. се сомничи дека и претходно сторил повеќе тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 и член 206 од Кривичниот законик.