Фатен шверцер на мигранти, кој требало да биде во притвор

На локалниот пат меѓу скопските села Долно Количани и Горно Количани полициски службеници, врз основа на судска наредба, денеска го лишиле од слобода Е. Т. (30) од Долно Количани.

Како што информираат од МВР, за него била распишана централна потерница за издржување мерка притвор поради сомнение за сторено кривично дело шверцување мигранти.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на притворот.

Претходна вестВелешанец тешко повреден додека работел на изградба на трговски центар во Скопје
Следна вестНови шест пратеници на местата на избраните градонaчалници, четири се од ВМРО-ДПМНЕ и двајца од СДСМ