Фатени 17 шофери без возачка во Скопје, а колку не биле фатени?

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 311 санкции како резултат на зајакнатите полициски контроли, соопшти денеска МВР.

За возење без возачка дозвола казнети се 17 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење имаше 130 прекршоци, технички неисправни и  нерегистрирани возила 17, 49 санкционирани мотоциклисти и едно привремено одземено возило, 73 мерки за непрописно паркирани возила и 78 возила подигнати со пајак (вкупно 151), а изречени се и 15 санкции за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцираат од МВР.

Да се надеваме дека ваквите акции на полицијата ќе траат подолго време оти општ впечаток е дека многу лица возат без возачка дозвола, дека се поминува на црвено, дека…

Претходна вестШведска нема да ги вакцинира децата против корона вирусот
Следна вестСДСМ: Нашите заложби ја покачија просечната плата во јули за 8,5 отсто