На 14.07.2023 во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен пронашле патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки натоварено со огревни дрва без жиг и соодветна документација.
Исто така, во с.Ропотово, полициски службеници од ОВР Прилеп пронашле товарно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки натоварено со огревно дрво.
Дрвната маса била одземена и предадена Шумска полиција за понатамошно постапување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.