На 14.04.2023 околу 21.15 часот на бул.„ВМРО“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода Е.М.(26) и Ф.А.(39), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 21.0 часот со употреба на сила влегле во подрумски простории во зграда на ул.„Орце Николов“ и одзеле предмети. Лицата биле задржани во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.