Приведени се двајца крадци кои во изминатиов период на скопското подрачје извршиле дури 18 тешки кражби, соопшти полицијата.
Во информацијата се наведува дека денеска рано изутрина околу 03.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош биле лишени од слобода П.К.(48) и С.А.(40), двајцата од Скопје.
-Тие биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело „тешка кражба “ во патничко возило, сопственост на Г.И.(49) од Скопје. Двајцата крадци биле приведени во Полициската станица Карпош и при извршен разговор со нив појасниле дека во текот на септември и октомври имале извршено 18 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила на територијата на Скопје, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.