Фатени се крадци на електричен велосипед

На 23.09.2022 во 09.05 часот во градски автобус на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Р.А.(21) и малолетник, двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на 22.09.2022 од зграда на подрачјето на Карпош одзеле електричен велосипед, кој притоа бил пронајден и вратен на сопственикот.

Двајцата биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, при што со малолетникот во присуство на родител.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Претходна вестТрипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ
Следна вестУтре посебен режим на сообраќај во Скопје