ФФМ со порака за натпреварот со Англија: Влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:15 часот до 20:15 часот, навивајте коректно

Македонската фудбалска репрезентација денес на Арената „Тодор Проески“ ќе ја пречека Англија во последното коло од квалификациите за Европското. Иако Македонија е без шанси за пласман продадени се сите карти за натпреварот.

Токму затоа денес од ФФМ информираа дека сите навивачи кои имаат купено билети за натпреварот мораат да бидат порано пред стадионот бидејќи вратите за влез ќе бидат затворени 30 минути пред почетокот.

– Драги навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација..

Упатуваме порака со фер и коректно навивање да им помогнеме на „Рисовите“ да дојдат до позитивен резултат на утрешниот натпревар против Англија на Националната арена „Тодор Проески“.

Праќаме порака до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена дека влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:15 часот до 20:15 часот. Навременото доаѓање на стадионот ќе биде од корист за сите бидејќи нема да создава метеж пред влезовите на Националната арена, се вели во соопштението на ФФМ.

Натпреварот започнува во 20:45 минути.

Претходна вестСДСМ: Стартува најголемиот енергетски проект „Чебрен“
Следна вестЌе изненадиме ли вечерва со Англија?