Филипче: Бројката на хоспитализации се стабилизира

Утрово одржан е состанок на директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој била разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија. На состанокот бил и министерот за здравство, Венко Филипче.

По направените анализи, заклучено е дека има благ пад на бројот на хоспитализирани на дневно ниво.

-На инфективните оддели има сè повеќе слободни места. Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат, рече Филипче.

На сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.

-Бројката на хоспитализации се стабилизира. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи, изјави Филипче.

Претходна вестАли Ахмети стана почесен доктор на државниот Универзитет во Тетово
Следна вестИнститутот за национална историја: Македонската евроинтеграција не смее да се условува со туѓи историски влијанија