Филипче: Да нема собирање на семејни прослави или да се во помал семеен круг

Секојдневно се зголемува бројот на заболените од корона вирусот во Македонија. Сепак, членовите на Комисијата на денешниот состанок не зазеле став да препорачаат нови рестриктивни мерки како што тоа се случува во повеќе земји во нашиот регион.

-Засега нема да има препорака за некои нови рестриктивни мерки, апсолутно сметаме дека овие се сосема доволни со тоа што треба да се почитуваат. Апелираме граѓаните да се вакцинираат и да нема собирања на семејни прослави и разни други групирања бидејќи вирусот така најлесно се шири. Доаѓаат семејни слави и апелирам граѓаните и оваа година како и претходните, ако можат да не ги организираат или да ги организираат во помал семеен круг. Сепак, такви поголеми собири каде не се почитуваат мерките се ризик за епидемиолошката состојба да се влоши, изјави денеска Венко Филипче, министер за здравство.

Во земјите во регионот веќе се појави новиот вид делта плус сој кој уште повеќе е заразен. Во Србија, Црна Гора, Словенија, РомАнија, Бугарија, Грција … веќе се воведуваат дополнителни рестрикции.  

-За тоа што се прави во регионот и какви се ефектите од тоа ќе дискутираме следната недела. Мерките во Македонија се отприлика еднакви на мерките што се преземаат во други земји, рече тој.

Претходна вестСДСМ по замрзнувањето на оставката на Заев – бара оставка од Мицкоски
Следна вестБеса ја напушти Владата, Хоџа и двајцата заменици министри поднесоа оставки