Mинистерот за здравство Венко Филипче ќе се вакцинира во некоја од следните тури, а не со овие првични дози на вакцини.
-Тие се броени за колегите кои директно работат со пациентите. Ќе се вакцинирам во некоја од следните тури на вакцини. Ќе се вакцинирам, со цел да укажам и да покажам дека вакцините се безбедни, дека се развиени на безбедни платформи, дека тоа е единствен начин да се развие колективен имунитет и да се смени сликата на пандемијата, изјави Филипче по стартот на вакцинацијата на здравствените работници во Модуларната болница во Скопје.