Лекот „Ивермектин“ треба да се зема само со препорака на матичен лекар. Ова го порача денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Овој лек се покажал ефикасен во лекувањето на Ковид-19, истакна министерот за време на отворањето на модуларната болница во Кичево. Инаку, „Ивермектин“ од вчера e достапен низ аптеките во Македонија.
Од Министерството за здравство претходно посочија дека „Ивермектинот“ се препорачува кај ризични групи – работници коишто имаат висок ризик да заболат, луѓето коишто биле во допир со заболен – потврден контакт и кај луѓе коишто се заболени. Кај трите групи граѓани има различна индикација и различно дозирање затоа е важно апликацијата да биде под контрола на лекар.
Според мислењето на стручните лица, лекот е безбеден, но има интеракции ако се дава во комбинација со невролошки лекови.