Филипче: Лекот „Ивермектин“ да се зема само со препорака на матичен лекар

Лекот „Ивермектин“ треба да се зема само со препорака на матичен лекар. Ова го порача денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Овој лек се покажал ефикасен во лекувањето на Ковид-19, истакна министерот за време на отворањето на модуларната болница во Кичево. Инаку, „Ивермектин“ од вчера e достапен низ аптеките во Македонија.

Од Министерството за здравство претходно посочија дека „Ивермектинот“ се препорачува кај ризични групи – работници коишто имаат висок ризик да заболат, луѓето коишто биле во допир со заболен – потврден контакт и кај луѓе коишто се заболени. Кај трите групи граѓани има различна индикација и различно дозирање затоа е важно апликацијата да биде под контрола на лекар.

Според мислењето на стручните лица, лекот е безбеден, но има интеракции ако се дава во комбинација со невролошки лекови.

Претходна вестПроф. Атанасовски: Ако МОН сака да и угоди на Бугарија, зошто не го земе бугарскиот концепт за образование
Следна вестСреќно браќа, одбојкарите ги испраќаат ракометарите на СП