Филипче: Од 21. јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

На 21 јануари ќе се донесе одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот, но и можноста нивното работно време да се продолжи до 23 часот, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешното примопредавањето на донацијата во Институтот за судска медицина тој рече дека сите други мерки за превенција остануваат во сила и по 21 јануари.

-Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21-ви, евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот. Меѓутоа, сите други мерки остануваат во сила, рече Филипче.

Претходна вестВозило тешко повредило жена пешак, возачот побегнал
Следна вест24-годишна девојка со фалсификувани евра играла во казино во Скопје