Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во објавата на Фејсбук тој наведе дека утрово имал редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје.
-Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен, наведе Филипче.