Филипче: Притисокот врз ковид-центрите е голем, но мерките даваат резултат

Иако изминативе денови има благ пад на бројот на приеми во болниците, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна, укажа денеска министерот ѕа здравство Венко Филипче.

Во објавата на Фејсбук тој информира за редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје.

-Ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид – центрите е голем. Во моментов имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, вели Филипче.

Претходна вестЛевица: Кредитот од 21,5 милиони евра со кој Царовска ги задолжи граѓаните повторно ќе отиде за ненаситните хонорарци
Следна вестНи Т од туризам – агенциите на протест во вторник заедно со угостителите