Зголемувањето на бројот на заболените од корона вирусот во земјите во регионот е резултат на олабавувањето на мерките и непочитувањето на превентивните мерки, изјави на попладнвената прес-конференција Венко Филипче, министер за здравство.
-Има пораст на заболени во речиси сите земји во регионот во кои дојде новиот бран. Прогнозите дека вирусот ќе исчезне во текот на летото не се остварија. Вирусот е тука и ќе остане подолго време. Оваа реалност ќе трае и подолго време отколку што се прогнозираше, потенцира Филипче.
Тој рече дека наесен вирусот ќе биде посилен и побрзо ќе се шири.
–Луѓето нема да може да бидат надвор. Ќе бидат внатре каде инфекцијата може побрзо да се шири. Ние мора да се подготуваме за тој период, предупреди Филипче.
Тој додаде дека се размислува некои студентските домови да се користат како сместувачки центри за болни од Ковид-19.
–Таму има услови, има и кујни, но дополнително со Министерството за обрзование треба да се договори тоа, рече Филипче.
Во однос на промена на режимот на нашата граница министерот рече дека се прават анализи.
-Можно е во наредниве денови да препорачаме мерки околу влезот во нашата земја од Србија и Косово, ако оцениме дека ризикот од влегувањето од овие земји може да не загрози. За време на викендот немаше такви индикации, рече министерот