Филипче: Во ниеден град нема потреба од рестрикции – состојбата со ковид не е алармантна

Состојбата не е алармантна, болничките капацитети не се загрозени и засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, иако тоа не се исклучува.

Следната недела че биде завршена анализата за трендот на ковид-бројките кога ќе биде соопштен и ставот по ова прашање, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Досега она што се знае дека голем број од новите случаи се должат на т.н. британска мутација, посебно во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Охрид, каде и според дневните статистикиима најголем број нови случаи.

Засега во ниту еден град не се исполнети условите за ограничување на движењето, но ако се одлучи дека тоа може да има ефект, предвид доаѓаат и такви мерки.

Претходна вестСостојба во ковид-центрите: Вкупно на лекување речиси 800 лица, 31 нов пациент во Скопје
Следна вестОпозицијата му одговори на Заев: ВМРО-ДПМНЕ е за експертска влада