Филмот „Кода“ победник на Оскарите, „Дина“ освои најмногу статуетки

Филмот за лицата со оштетен слух „Кода“ е победник на овогодинешното доделување на престижната филмска награда Оскар, со три номинации и освоени Оскари во сите три категории.

Научнофантастичната сага „Дина“, од американската Академија за филмска наука и уметности доби најмногу – шест „Оскари“ од можни 10 номинации, меѓу кои и одличјата за монтажа, визуелни и звучни ефекти.

„Оскарот“ за главна женска улога отиде кај Џесика Честејн, за филмот „Очите на Теми Феј“, што е  прв нејзин „Оскар“.

Вил Смит пак, го доби своето прво вакво одличје за најдобар глумец за улогата во „Кралот Ричард“.

Признанието за најдобар режисер отиде кај Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“. Филмот доби само еден „Оскар“ од рекордните 12 номинации.

За најдобра женска споредна улога е прогласена Аријана Дебоуз („Приказната од Западната Страна).

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е „Вози го мојот автомобил“ (од Јапонија).

Најдобра филмска песна е „Но тиме то Дие” во изведба на Били Ајлиш за истоимениот филм „Џејмс Бонд 007: Не е време за умирање“.

Најдоброто оригинално сценарио го има филмот „Белфаст’, режиран и напишан од Кенет Брана.

Најдобар анимиран филм е „Енканто“.

Годинава, вестернот „Моќта на кучето“ доби 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија филмовите „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.

Овогодинешното доделување на наградите Оскар ќе остане во сенка на скандалот. Кога комичарот Крис Рок ја коментираше Џејда Пинкет Смит, сопругата на Вил Смит. Тој рече дека Џејда, која носи многу кратка фризура бидејќи има алопеција, личи на Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн“. Нејзиниот сопруг, Вил Смит прво се насмеа на шегата, а потоа, одеднаш стана од местото, излеге на сцената и го удри со сета сила по лице комичарот. Откако му удри шлаканица на Крис Рок, Вил Смит се врати на своето место и двапат го опцу Крис – „не го земај името на мојата сопруга во својата е…на уста“.

Комичарот, но и цела публика беа шокирани од физичкиот испад на Вил Смит. Оскаровката Лупита Нјонго, која седеше непосредно до Смит, не можеше да го скрие непријатното изненадување на нејзиното лице.

-Вил Смит штотуку ми удри шлаканица, рече шокираниот Крис откако ја доби шлаканицата.

Тоа се случи малку пред Вил Смит да биде прогласен за победник во категоријата најдобра машка улога во филмот „Кралот Ричард“.

Претходна вестКазнети 63 моторџии, 25 лица возеле без возачка дозвола…
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Дали братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за мечот Македонија – Португалија!?