Фирма и две лица злоупотребиле лични податоци

СВР Штип поднесе кривична пријава против правно лице од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и сопствениците и управители на правното лице А.К.(43) од Штип и М.В.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 09.01.2023, правното лице и пријавените во својство на управители, спротивно на законските прописи и без знаење, согласност и дозвола на Н.З. од Кичево, ги прибирале неговите лични податоци и фотографија од неговата патна исправа, кои ги објавиле на социјалната мрежа Фејсбук.

Претходна вестШилегов бара избори за Скопје заедно со парламентарните, а Арсовска да си поднесе оставка
Следна вестНа Градскиот пазар во Велес одземени над 1.400 пиротехнички средства