Стана пракса од официјален Брисел периодично да се соопштува дека ЕУ многу го сака Западен Балкан. Денеска таква задача и се падна на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која истакна дека ЕУ останува посветена на проширувањето, со порака дека патот кон ЕУ е пат кон силна демократија и дека Западен Балкан, Украина и Молдавија се иднината на Унијата.
Фон дер Лајен во своето обраќање пред Европскиот парламент рече дека ЕУ, кога е во прашање надворешнополитичката агенда, мора да инвестира во демократијата.
-Сакам да им порачам на граѓаните на Западен Балкан, Украина и Молдавија дека тие се дел од нашето семејство, иднината на нашата Унија. Без нив нашата ЕУ не би била целосна, истакна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесе „Танјуг“.