Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Теодора Мазнева од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,81) и Леонид Рене Томас Караџинов од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Претходна вестШестмина повредени во сообраќајка во скопска Кисела Вода
Следна вестПознати паровите од четврфиналето на кошаркарскиот Куп