(ФОТО) Дали Заев на средбата со Гаши дојде со својот наследник?

Во Клубот на пратеници, нешто пред 16 часот започна средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Заев на средбата дојде со заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, ко барем досега не се појавувал во друштво на Заев на политички средби.

Присуството на Ковачевски исто така предизвикува внимание ако се знае дека изминативе денови кога почна се погласно да се зборува дека Заев насоро ќе замине од челните позиции и на партијата и на Владата, името на Ковачевски се повеќе се споменува како негов наследник.

Дополнително вчера ТВ 21 од извори блиски до премиерот објави дека новиот мандатар и наследник на Заев ќе биде личноста која ќе седи до Заев на средбата со Гаши.

 

Претходна вестКај скопјанец во кола откриени тројца мигранти од Куба
Следна вестДел од Ржаничино утре без струја