(ФОТО) Кејот убав пак ќе никне – до лето

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска објави фотографии од тоа како изгледа Кејот на Скопје.

Според она што се гледа на нив реконструкцијата е во тек, се поплочува целата површина по должината каде се наоѓаат кафулињата и рестораните од задната страна на ГТЦ, каде што беа нивните тераси и која претходно беше како прекриена со искршени плочки.

Од Градот велат дека вака и ќе остане за да служи како шеталиште со средишен дрворед.

Сменета е подземната инфраструктура, а во моментов се работи на поплочување, кое се очекува да заврши до втората половина на јуни, на почетокот на летото.

Според она што е објавено, проектот чини 88,6 милиони денари од Буџетот на Градот. Ќе се добие ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови за да се спречи паркирање и движење по кејот „13 Ноември“ со автомобили.

Кафулињата повторно ќе имаат тераси, но ќе бидат унифицирани и поставени на начин што нема да пречи на дрворедот.

Убаво. Штета што не се направи порано и да се надеваме дека овој пат ќе се заштити од возила оти до сега секој кој посакаше си возеше по кејот.

Претходна вестЗа пет месеци рециклирани 100.000 пластични шишиња и лименки во Општина Центар
Следна вестКривична за Тодор Петров како организатор на протестите од неделата