(ФОТО) Контејнери за електричен отпад има, ама дали некој ги одржува?

Повеќе од една година, во Центар, спроти катната гаража „Беко“ е поставен контејнер за одложување на електричен отпад. Иако се работи за прилично цврст контејнер, жителите и самите биле сведоци како лица кои собираат отпад се обидуваат да ја отворат вратичката која е затворена со катанец.

Конечно, по повеќе обиди, таа од пред некое време е целосно отворена, но не преку катанецот туку металната врата е свитката и од неа може да се вади се што е одложено од граѓаните.

Без сомнение дека има луѓе кои собираат ваков отпад, дали за препродавање или можеби за сопствено користење, ако се работи за исправни пегли, миксери, радио-приемнци, вентилатори.

Но, прашањето е дали некој кој го поставил овој конттејнер и кој најверојатно повремено го празни, забележал дека тој зјае отворен, со тоа што функцијата за која е поставен е веќе беспредметна?

 

Претходна вестЕвропскиот центар за болести советува: Децата од 12 години да се вакцинираат само ако се ризична група
Следна вестЗошто доцнат руските вакцини што требаа да стигнат до крајот на мај?