Не е ниту вештачко езеро, ниту излеана атмосферска канализација. Едноставно си е водно пространство кое се појавува по секој дожд.
За ова можат да посведочат жителите на градски ѕид, вработените во Министерството за финансии и сите кои ја користат катната гаража Беко и кои пазарат во маркетот внатре.
Во Центар се сменија многу власти, но барата се покажа најтврдоглава и уште е тука На еден од градоначалниците дури му е пред самиот влез во зградата во која живее. Но, никој, апсолутно никој не најде решение, делот да се израмни за да не собира вода по секој малку посилен дожд. Има случаи кога водата е толку длабока што за да се влезе во објектот на катната гаража мора да се облечат гумени чизми.
И не е фер да не се каже дека пред околу шест години, најголемата опозициска партија свечено го пушти новото седиште на партијата што е на неколку десетици метри од оваа „плажа“. На истиот ден беше промовиран и новиот плоштад „ВМРО“ кој по логика на нештата се простира и на овој дел. Ама водата и ден-денес се собира.