(ФОТО) Ова ли е паркинг?

Ако живеете во центарот на Скопје во близина на поранешното кино „Култура“, тогаш сигурно барем еднаш сте се нашле во ситуација да ви е потребно возилото, а да не можете да го користите. Причина е ваквата слика, која е секојдневие во работните денови.

И не се работи за див паркинг туку за простор за кој за да паркирате ви е потребна налепнница од Паркинзи на Општина Центар.

Причината за ваквата тарапаана е што тука возила паркираат сите што имаат ваква налепница, независно дали ја добиле поради местото на живеење, дека работат во институциите во околината (Собрание) или во некоја од фирмите, или преку врски. За да си го извадите возилото ќе треба да свртите неколку телефони и да почекате сите сопственици да се појават, а потоа по принцип на тетрис да се одглавите.

Оваа ситуација покажува дека или ПОЦ нема контролор, или контролорот не си ја врши работата па дозволува ваков хаос.

Прашањето е што ако тука треба да дојде пожарна или брза помош?

 

Претходна вестПописот се очекува да заврши денеска, граѓаните очекуваат тој да биде точен
Следна вестДецентрализација е спасот за да не умираат регионите