Камил Бартошек, чешки продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор, попознат по прекарот Казма, лансирал наградна игра со главна награда од еден милион долари. Меѓутоа, бидејќи не се сретнал со победникот, решил да им подели милион долари на натпреварувачите кои се пријавиле за наградната игра, а тоа го направил на навистина чуден начин.
100.000 пријавени натпреварувачи во шест часот наутро добиле мејл со информација за локацијата каде ќе се фрлат парите од хеликоптерот. За да им се отежни задачата, натпреварувачите морале да ја дешифрираат испратената шифра, а на крајот, според проценката, на закажаното место се појавиле четири илјади луѓе.
Луѓето се појавиле со ранци и чанти и избезумено почнале да собираат пари кои буквално паѓале од небо, а некои помислиле да соберат пари и со помош на чадори.
На настанот присуствувале полицајци, пожарникари, лекари и приватно обезбедување, но немало потреба од интервенции.