Фудбалерите до 21 година ремизираа против Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ремизираше против Ерменија (1:1) на денешниот натпревар одигран на тренинг центарот ,,Петар Милошевски”.
Според прикажаното на теренот овпј исход на крајот е и реален, двете репрезентации ретко влегуваа во посериозни шанси.

Најголемите возбудувања ги видовме пред крајот на првиот дел, преку Абази ние дојдовме во водство, а набрзо Ерменците не реализираа 100% прилика во која нивниот напаѓач промаши скоро празен гол од неколку метри, топката заврши во пречката.

Во второто полувреме видовме уште помалку прилики пред двата гола, но гостите ја искористија единствената сериозна за конечни 1:1. На 20-ти јуни во Скопје исто така во пријателски натпревар ќе гостува Малта.

Претходна вестПосебен сообраќаен режим утре во Скопје
Следна вестЗемјотрес со интензитет од 4 степени во Кахраманмараш, Турција