Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грузија од 3-0 во првиот пријателски меч кој денеска се одигра во Тбилиси.
Првото полувреме мина без погодоци, но во вториот дел домашните фудбалерки беа поконретно и успеаа дури трипати да ја затресат нашата мрежа.
Резултатот го отвори Бебиа во 54 минута, а потоа на сцена стапи членот на Трабзонспор и воедно капитен на Грузијките, Чеминава која стрелаше во 62 и 83 минута.
Вториот тест меѓу овие две селекции е закажан за 28 февруари.