Гаши ја расчисти дилемата: Четирите пратеници на Алтернатива ќе гласаат за паѓање на Владата

Четирите пратеници на Алтернатива утре ќе гласаат за недоверба на Владата. Ова предмалку го соопшти лидерот Африм Гаши, кој рече дека откако двајцата пратеници на Левица ги повлекле потписите од иницијативата, исполнето е нивното суштинско барање.

Тој рече дека единствено на оваа прес-конференција ќе одговара на прашања што се однесуваат на фазата за утре, а не за тоа што ќе биде подоцна.

Гаши истакна дека тие би биле дел од натамошна влада која е со евроатллантски курс и за добрососедски оноси.

Она што е битно за него, рече Гаши е што се сите заедно четири пратеници, а за утре рече дека не знае што ќе се случи, бидејќи можно е и други кои не се потпишани на иницијативата да гласаат против Владата.

Гаши бешше дециден дека не се за брзи предвремени избори, како што е една од опциите што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, поради како што рече, енергетската и пандемиската криза.

-Ние сме за нова, друга Влада, кој ќе биде премиер ќе видиме. Претседателот Пендаровски на кого ќе го даде мандатот ќе видиме. Ние ќе бидеме во влада само со партии кои ќе прифатат идната влада да има вакви определби, рече Гаши.

Со оваа прес-конференција Гаши ги расчисти шпекуациите кои кружеа во изминатиот период со кого преговара Алтернатива и дали пратеничката група е компактна или има различни ставови.

Претходна вестДел од пратениците ги повлекоа потписите, очекуваат утре да падне Владата со ревидирана иницијатива
Следна вестНови 656 заразени и уште 13 починати од ковид за 24 часа