Гаши се дообјасни: Моја татковина е Северна Македонија, Косово е родно место и татковина на моите родители

Новиот спикер на парламентот Африм Гаши денеска се дообјасни околу изјавата наводно дадена за косовски медиум дека негова татковина е Косово.

-Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија, вели Африм Гаши во објавата на неговиот фејсбук-профил.

Тој додаде дека неговата точна изјава во интервјуто била дека „Косово е родно место или татковина на неговите родители и дека тој го почитува како такво заради нив“.

Мандатарот и иден премиер Христијан Мицкоски вчера, по новинарско прашање, истакна дека не ја слушнал изјавата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, но доколку навистина изјавил дека неговата татковина е Косово, треба да се извини на граѓаните.

-Мислам дека неговата татковина е Македонија. И од тоа што сум го разговарал со него, сум слушнал лично од него дека наша заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Ако има таква изјава, тогаш мислам дека треба да им се извини на граѓаните на Македонија и тоа треба час поскоро да го направи, бидејќи од тука тој зема плата и од страна на Македонците, Турците, Албанците, Власите е избран за претседател на македонското Собрание, рече Мицкоски.

Претходна вестГаши: Косово е родно место или татковината на моите родители ѝ како такво, го почитувам заради нив
Следна вестНа скопјанец ќе му се суди за убиство на баба му