Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, општина Гази Баба трета година година по ред организира голем музички настан.

Оваа година настанот ќе се оддржи на 5 Септември со почеток во 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда под мотото “Македонија живее”.

Од општината информираат дека за настанот е подготвена богата културно – уметничка програма, како и перформанс во кој ќе учествуваат македонски актери.

Во музичкиот дел на програмата ќе учествуваат Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровски, Ансамблот за народни песни и ора Јонче Христовски, хорот Св. Злата Мегленска и вокално инструменталната група Аманет.

Општина Гази Баба ги поканува сите граѓани да присуствуваат на настанот.

Претходна вестШест лица повредени синоќа во сообраќајка во скопска Кисела Вода
Следна вестСе редат оставки во украинската влада, и првиот дипломат Кулеба го сторил тоа