Машката ракометна репрезентација на Македонија вчера го имаше првиот собир во хотелот на „Александар Палас“, како почеток на подготовките за квалификациските натпревари против Луксембург и против Турција за пласман на Европското првенство 2024. Искусното крило Гоце Георгиевски е повторно дел од националниот тим, а овој циклус ќе му биде и последен во репрезентативниот дрес.
Тој ќе се збогува на мечот против Турција во Скопје.
– Против Турција ќе го одиграм последниот натпревар за Македонија по речиси 15 години поминати носејќи го националниот дрес. Можам само да потврдам дека ми беше чест и гордост што го носев дресот на Македонија во овие изминати години. Чувствата сега се помешани Најдобар начин да се простам од репрезентацијата е со победи и пласман на Европското првенство, изјави Гоце Георгиевски.
Македонија досега играше на седум европски првенства, а најдобриот пласман ѝ е петтото место во Србија во 2012 година.
По третиот циклус натпревари, осум селекции со по осум бода веќе се пласираа на ракометното Европско првенство (ЕП) во Германија в година. Тоа се Португалија (група еден), Австрија (четири), Унгарија (шест), Словенија (седум) и Франција (осум).