Општина Центар, оваа година ги изненади дечињата на територија на општината со 2000 новогодишни пакетчиња. Овие пакетчиња беа поделени на учениците од основните училишта во Центар, децата од градинките, како и на лицата со попречености и со Даунов синдром.
Не беа заборавени ниту пак најмалите херои кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за детска хирургија, кои добија пакетчиња како дел од новогодишната магија.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакнува дека новогодишните празници се време кога сите треба да се чувствуваме убаво, особено нашите најмали, кои го прават посреќен секој наш ден.
-Изминатава недела заедно со Дедо Мраз донесовме радост и насмевки на децата. Благодарност до сите општествено одговорни компании кои се приклучија и нѐ поддржаа да ги израдуваме најмалите. Заеднички можеме да направиме многу, вели Герасимовски.