Герасимовски: Бесплатни ранчиња и училишен прибор за сите запишани првачиња

Општина Центар и оваа година преку општествено одговорни компании ќе додели околу 600 бесплатни ранчиња и училишен прибор за сите првачиња запишани во осумте основни училишта во општината. Од Општина Центар велат дека ќе продоложат да се грижат и вложуваат во обезбедување подобри услови за сите основни училишта да бидат на највискоко ниво.

– И оваа година со насмевки, среќа и желби за успех да ја започнеме новата учебна година. За нашите првачиња и оваа година Општина Центар заедно со општествено одговорни компании ќе подарат ранче и училишен прибор за секое прваче. Знаењето е темелот на државата затоа од почеток да вложуваме, зборуваме за важноста за стекнување нови знаења и изградиме млади и успешни генерации, порачува Герасимовски.

Општина Центар ќе продоложи да се грижи и вложува во обезбедување подобри услови за сите основни училишта да бидат на највискоко ниво и нашите деца да го добиваат најдоброто и најквалитетното образование, додаваат од Општината.

Претходна вестКонечно, „Лајка“ заловува бездомни кучиња на неколку локации во Аеродром
Следна вестИгор Иџе Стефановски е на чекор до освојување на нова европска титула