Германец допливал до претседателската вила „Билјана“, полицијата го уапси

Дваесет и две годишен Германец е уапсен во Охрид, по пливање во Охридското езеро откако допливал до претседателската вила „Билјана“, соопшти полицијата.

МВР иннформира дека 22-годишното момче откако излегло на брегот се упатило кон вилата која ја користи претседателката на државата.

-На 06.08.2024 во 13.00 часот во туристичкиот комплекс ,,Инекс“ во Охрид, полициски службеници го приведоа Р.С.(22) од Сојузна Република Германија. Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Охрид.

Претходна вестИнфлацијата во јули изнесувала 3 отсто, цените на мало пораснале 3,9 проценти
Следна вестГраѓаните ќе можат да поправаат заби на Стоматолошките клиники во Скопје и за време на викендите и празниците