Германец со дрвена палка го претепал силувачот на неговата ќерка

Татко во Минхен, Германија, со дрвена палка го претепал силувачот на својата ќерка (19). Тој е обвинет за физички напад, а осомничениот силувач (37) е приведен.

Како што пишува „Билд“, девојката била во пријателски односи со 37-годишникот неколку недели. Кога ја поминале ноќта во станот на една од пријателките на мажот, тој наводно ја силувал и ја претепал. Утрото 19-годишната девојка успеала да излезе од станот, но 37-годишниот маж тргнал по неа и ѝ се заканил со нож на улица.

Во паника му се јавила на својот татко кој живеел недалеку од населбата во која сѐ се случувало. Истиот четврток наутро, тој се возел со својот автомобил до квартот Берг ам Лаим и ја алармирал полицијата на пат до местото каде што го повикала неговата ќерка.

Кога таткото, кој донел палка, и силувачот се сретнале на Креилерштрасе, ситуацијата ескалирала.

При оваа расправија, 47-годишникот неколку пати го удрил 37-годишниот со дрвената палка што ја носел.

Претходна вестД-р. Вело Марковски ќе се кандидира за шеф на државата: Потребен ни е претседател кој ќе биде независен од политичките партии и нивните претседатели
Следна вестФилипче: Министерот не знае како се делат терапиите на Онкологија, тоа е работа на менаџментот и на главната сестра