Ситуацијата за проститутките во Германија во моментов, изјави пратеничката на парламентарната група демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) во германскиот Бундестаг Дороти Бар која повика на забрана на проституцијата. Според проценките кои ги изнесе, во таа земја во моментов има околу 250.000 проститутки, од кои повеќето доаѓаат од странство.
Само десет отсто од нив се пријавени, додека останатите живеат во илегала, наведува „Билд“. Проституцијата во Германија е легална од 2002 година, од кога законски повеќе не се смета за неморална.
Бар изјави дека поради тоа „Германија се претворила во борделот на Европа“, и дека станала исклучително атрактивна земја за сексуален туризам.
Таа додаде и дека повеќето жени кои се бават со проституција во Германија се измамени со лажни ветувања, како и дека се присилени да ја работат таа работа.
– Тоа е трговија со луѓе среде Европа, налик на ропство, истакна германската пратеничка. „Жените таму се третираат на најлош можен начин“.
Бар, како и други германски пратеници, сакаат да го сменат законот за проституција и да воведат таканаречен нордиски модел, кој не ги казнува проститутките туку нивните муштерии.
Во Шведска, откако беше воведена забрана за купување секс, „бројот на проститутки драстично опадна, изјави Бар.
Таа додаде и дека „не може да има вистинска еднаквост сè додека прифаќаме стотици илјади жени да се третираат како робови“.