Германски синдикалец: Ако не работиш две работи во Германија тешко се врзува крај со крај

Во Германија две работнички плати веќе не се доволни за едно семејство да си обезбеди пристоен живот, па се повеќе вработени во оваа земја работат и на две работни места за да си ги задоволат месечните потреби, предупредува Филип Шуман, генерален секретар на германскиот работнички синдикат. Шуман смета дека минималната саатница треба да биде од 17 до 18 евра – во спротивно, на Германија и се заканува „ситуација како во САД“ каде луѓето често мора да работат на повеќе работни места.

– Повеќе од 3,5 милиони луѓе во Германија имаат повеќе од една работа. Бројката е повеќе од двојно зголемена во последните 20 години. Германија ќе стане земја со ниски плати. Со гарантирана саатница од дванаесет евра со 42-часовна работна недела, можете да заработите нешто помалку од 2.200 евра бруто. Тоа е само околу 60 отсто од просечниот приход во Германија и не е доволно за живеење – изјави Шуман за порталот „Ver.di“.

Во Германија платата најчесто се изразува како бруто износ, а тоа може да биде непријатно изненадување за странците кои доаѓаат да работат во оваа земја, затоа што од таа сума се одбиваат реални придонеси, на пример за пензиско и здравствено осигурување, како и црковен данок и данок на доход. Давачките зависат од многу фактори, како брачната состојба и бројот на деца. Сè на сè, од 2.200 евра бруто, само околу 1.500 евра може да „легнат“ на сметка.

Официјално, речиси 17 отсто од населението во Германија, односно над 14 милиони граѓани, се погодени од сиромаштија, а таа бројка сè уште расте поради инфлацијата.

– Работењето на повеќе работни места е исцрпувачко. Единственото нешто за кое сè уште можеме да размислуваме е како да ги организираме нашите работни места воопшто, да се грижиме за нашите четири деца и да ги координираме сите други состаноци, се жали мајката Аника Велчер, која работи како асистентка во училиште и таму добива по 15 евра на час, но ѝ требале многу повеќе пари за да ги покрива сите трошоци за своето семејството. Нејзиниот сопруг е машински техничар со полно работно време, кој работи во три смени.

Сега, освен во училиште, Аника работи и во градинка, а потоа и како продавачка во пекара. Веќе не знае за слободен викенд.

 

Претходна вестОперација „Нинџа желка“: Уапсени над 2 илјади педофили
Следна вестКавадарци дава многу на Македонија, а власта му дава малку